Обичната мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) е најраспространетиот вид од фамилијата мачки - (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација како мјаукање, предење, `ржење и сл.
Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни предатори, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока фрекфенција. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.
Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.
Сијамската мачка е првата која се разликува од другите раси на ориенталната мачка. Точното потекло на расата е непознато, но се верува дека е од Југоисточна Азија, и дека потекнуваат од исплашените мачки од храмовите од Сиам (денешен Тајланд). Во Тајланд, се едни од неколкуте природни раси на мачки, наречени „Вичин мат“- име што значи „месечев дијамант“. Во 20-тиот век, сијамската мачка стана една од најпопуларните раси во Европа и Северна Америка.
Раси добиени од сијамската мачка
- Балинезиска – Сијамска мачка со долги влакна. Во најголемиот американски регистар, „Здржението за љубители на мачката“(ЦФА), кои се ограничуваат само на традиционалните четири бои на обоеноста на врвовите на стапалата и лицето на сијамската мачка се темно кафената, сина (разредена сива), чоколадна, и бледо сивата (разредена од чоколадната). Други регистри во САД и во светот признаваат поголема разновидност на бои.
- Бурмански- е раса на домашни мачки која потекнува од една посебна мачка ", Вонг Мау", која беше пронајдена во Бурма во 1930 година од д-р Јосиф Чесман Томпсон. Таа беше однесена во Сан Франциско, Калифорнија, каде што беше одгледувана заедно со сијамска мачка. Иако вистински не потекнува од сијамска, расата се смета за форма на сијамска за многу години, што доведе до вкрстување на животните (мачките)

No comments:
Post a Comment